Икер Касиљас нема да може да игра повеќе фудбал професионално. Такво мислење изрази
поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и актуелен кардиолог Хуан Антонио Корбалан, кој ја
прокоментира состојбата на голманот на Порто. Шпанската легенда доби срцев удар за време на
вчерашниот тренинг на својот тим, а малку подоцна му беше поставен стент на срцето.

Касиљас веќе е стабилизиран, па дури напиша порака на Твитер за да ги смири сите што се
загрижени за него. Меѓутоа, 37-годишниот голман повеќе нема да може да го практикува својот
омилен спорт.
„Не може да се игра фудбал со стент на коронарните артерии, дури и да зборуваме за голман. Икер
повторно ќе има нормален живот, но нема да може да игра професионално“, објасни тренерот пред
националната шпанската телевизија „TVE“