Кардиолог открива 4 начини како да го намалите високиот крвен притисок без употреба на лекови

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Македонија секогаш е меѓу водечките на листите на здравствени проблеми предизвикани од кардиоваскуларни заболувања. Бидејќи сè почнува од високиот крвен притисок, шведскиот кардиолог Матс Халдин открива четири начини како да го намалите без лекови, додека се уште не е доцна.

Проблеми, до кои најчесто доведува хипертензијата, се мозочен удар, срцев удар, срцева слабост, па дури и деменција.

Каридиологот посочува дека алармантни граници се кога горниот притисок е помеѓу 140 и 160, а долниот е близу 100. Тогаш веќе треба да се преземе акција. Објаснува како во оваа фаза притисокот може да се врати во нормала без лекови, доколку сме дисциплинирани и ги следиме следните четири чекори:

1. Прошетка

Според лекарите, половина час пешачење еднаш дневно може да го намали ризикот од развој на хипертензија. Д-р Матс исто така ги советува хипертензивните пациенти почесто да се качуваат по скали.

2. Доволно часови спиење

Лекарот препорачува најмалку седум часа сон дневно, како и да не го користите телефонот најмалку половина час пред спиење.

3. Нутритивна рамнотежа

Исхраната треба да биде урамнотежена за да не дебелее, бидејќи вишокот килограми директно влијае на зголемувањето на крвниот притисок. Д-р Халдин има неколку препораки кога станува збор за јадење, но и консумирање алкохол и цигари:

* воведете контрола на големината на порцијата
* откажете се од цигарите и прекумерната употреба на алкохол
* намалете го внесот на сол
* намалете или целосно исфрлете ги месните производи од исхраната
* контролирајте го внесувањето на храна богата со заситени масти
* изберете медитеранска исхрана – јадете јадења направени од маслиново масло, мешунки, риба, зеленчук и овошје

4. Намалување на стресот

Тој нагласува дека клучно е да се работи на намалување на стресот, особено за да се одржи здравјето на крвните садови и срцето.

– Понекогаш треба да го исклучите телефонот, компјутерот и телевизорот за да избегнете непотребни грижи – заклучува докторот.

Слични содржини