Карењо Буста: Ѓоковиќ треба подобро да ги контролира своите емоции

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Пабло Карењо Буста е еден од играчите кои најмногу профитираа со дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Шпанецот во петок во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев.

Тенисерот од Хихон, сепак, не е прв пат во оваа улога, тој стигна и до полуфиналето на Флешинг Медоус во 2017 година, па затоа знае како е да се бориш за финале.

Тој тогаш загуби, а сега верува дека може да отиде чекор подалеку и да ја освои титулата.

Во пресрет на полуфиналето, Карењо Буста заклучи дека со ваква завршница, веројатно е дека „на Ник Кирјос му е досадно дома“, но исто така истакна дека Новак Ѓоковиќ ќе мора подобро да ги контролира своите емоции.

„На Кирјос мора да му биде прилично досадно дома. Не знам дали ќе игра турнир до крајот на годината, но кога ќе го направи тоа, ќе разговараме за него затоа што тој го заслужува тоа. Во меѓувреме, тој ќе продолжи да пишува пораки на Твитер дома“, рече Карењо Буста.

Тој не го рече тоа случајно, затоа што Австралијанецот неодамна напиша Твит, а подоцна го избриша и во него се наоѓаше пораката дека „Пабло не би бил ниту близу Топ 50 доколку нема турнир на земја“.

Кога станува збор за Ѓоковиќ, Пабло рече дека е свесен дека понекогаш е многу тешко да се контролираат нервите и фрустрациите.

„Новак Ѓоковиќ е број еден и тој ќе мора да научи подобро да се контролира. Таа ситуација кога ќе го удри судијата е чиста несреќа. Кога тоа ќе се случи, мора да ги почитувате правилата и да побарате прошка, како што направи тој“, смета тенисерот.

Шпанецот изјави дека е многу тешко да се заклучиш на едно место две недели.

„Ние сме во Њујорк, бидејќи тие ни го кажаа тоа, немаме идеја каде сме. Сè е монотоно, не можеме да го напуштиме клубот и хотелот“, малку беше ироничен Карењо Буста.

Убеден е дека крајот на турнирот е сепак добар.

„Ги нема Надал, Федерер или Ѓоковиќ, но оние што останаа се одлични и нема да биде лесно за никого. Имаме шанса, зошто да не ја искористиме? Играм против Зверев, а негов тренер е Давид Ферер. Тој добро ме познава, но Зверев ќе биде на теренот, а не Ферер“, заврши 20-тиот носител на УС Опен.

Слични содржини