63
Соединетите Американски Држави го освоија петтото последователно злато на олимпискиот кошаркарски турнир, но дел од играчите не можеа веднаш да уживаат во успехот.
Стеф Кари, Кевин Дурант и Ентони Едвардс веднаш по дуелот со Франција мораа да одат на допинг контрола.
Ова беше објавено од Ентони Едвардс.
„Веднаш не однесоа на допинг тест или нешто слично, па брзо ја напуштивме соблекувалната по победата“, изјави Едвардс.
Во финалето Дурант постигна 15, Едвардс осум, а Кари 24 поени, но практично сам ги победи Французите во финалето.
Кари беше неверојатен и против Србија во полуфиналето кога постигна 36 поени.