Кари во солзи по рекордната 2.974 тројка во НБА (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Голден Стејт, Стивен Кари, стана играчот со најмногу тројки во историјата на НБА лигата.

Кари историската 2.974 тројка ја постигна на гостувањето против Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден, кој Вориорс го добија со 105:96, надминувајќи го на тој начин легендарниот Реј Ален (2.973).

Дуелот го заврши со ефект од 22 поени и по три скока и асистенции.

Кај неговите соиграчи друштво му правеше Џоран Пул со 19 поени и 9 скока, додека Ендрју Вигинс заврши со 18.

Се запре кога Кари ја постигна рекордната тројка, паднаа честитките од Реј Ален и Реџи Милер, а Кари во солзи му ја даде топката на тато Дел.

Падна во прегратките на родителите, а во еден момент впечатлива беше сцената со три дресови на паркетот, два се на идолите, еден е на Кари со бројот на тројки.

Слични содржини