Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи Карл Билд на својот твитер профил најави дека денеска патува за Скопје.
Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд доаѓа во Скопје. Тој на својот Твитер профил ја објави веста за неговата посета на Македонија.
„Во раните утрински часови полетување од сончева Болоња. Скопје со Европскиот совет за надворешни односи е дестинацијата на овој ден“, твитна Билд.
Која е причината за неговото патување се уште не е непознато. Билд важи за одличен познавач на сотојбите на Балканот, и е витински булдожер во разрешницата на комплицираните балкански случувања.

– „На турнеја за кризата во Скопје утре. И потоа во Белград. Секогаш Балканот“, стои потоа во напишаното на Билд на Твитер.