398
Јелена Карлеуша се декларира себе како веган и заштитник на правата на животните, а на Инстаграм сподели порака која згрози многумина.
„Вирусот корона не би постоел како проблем ако бевме вегани“, напиша таа. Во меѓувреме, објави и фотографија како носи заштитна маска.
Тоа барем малку даде надеж дека конечно ја сфаќа сериозно ситуацијата, откако претходно „истресе“ низа сериозни обвинувања дека коронавирусот е теорија на заговор на политичарите.
Потсетуваме, во февруари таа изјави дека вирусот е маркетинг со кој се заслабнува економијата на Кина, поздравувајќи го тој потег на Америка, за потоа да каже:
„Кој малку ќе се заангажира да прочита ќе види дека нема место за паника. Како што сфатив, ова е појак грип. Секој грип прави проблеми.“