266
Иако коронавирусот е најфатален за повозрасната популација и за хронично болните лица, Јелена Карлеуша овојпат обрна внимание на најмладите.
Таа на Инстаграм објави цртеж кој го нацртала нејзината ќерка, констатирајќи дека целата ситуација со пандемијата и карантинот може да остави трајни последици врз детската психа.
„Ова е цртеж на Ника која се плаши мајка ѝ да не се разболи од вирусот. Децата се чувствителни во овој период. Овие ситуации оставаат трајни последици по нивната психа. Колективниот страв ги погодува најмладите. Зборувајте со нив, пружете им сигурност“, советува таа.