Карлос Алкараз со титула на Индијан Велс

од Симе Стоиков

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз го победи Данил Медведев во финалето на Индијан Велс и со тоа го одбрани трофејот на турнирот во Калифорнија.

Моментално вториот играч во светот победи со резултат од 2-0 во сетови 7-6/5, 6-1. Во првиот сет решаваше само една топка, а вториот беше монолог на тенисерот од Мурсија.

Финалниот меч се играше еден час и 44 минути, а публиката имаше можност да проследи одлична игра.

За време на тај-брејкот од првиот сет, Медведев влезе во конфликт со судијата Мохамед Лајани, велејќи дека „тенисот е посран спорт“.

Воедно ова е реванш за Алкараз по само неколку месеци од поразот од Медведев на Австралија опен. Тој стана првиот играч кој освоил две титули по ред на овој турнир пред да наполни 21 години по Борис Бекер кој тоа го направил во 1987-1988.

Слични содржини