Карпош утрово без струја, голем дефект на 110 киловатна станица во Скопје

од Берта Китинска
371 прегледи

Регионот на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај утрово се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот се случи како последица од испад на 110 кВ далекувод од трафостаницата “Скопје 3” до трафостаницата “Запад”, велат од ЕВН за „Локално“.

Оттаму информираат дека екипите на Електродистрибуција за брзо време го санираа дефектот и корисниците веќе имаат нормално и стабилно снабдување со електрична енергија.