256
Беса нема да биде дел од евентуална широка влада, туку ќе биде дел од нова влада по изборите како победник во албанскиот политички блок. Ова е ставот на претседателот на Беса, Билал Касами, даден за порталот на албански јазик „Журнал“.
На прашањето дали ќе усчествува во широка влада Касами вели:
„Не. Движењето Беса ќе влезе во владата дури по следните избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок“.