Касами: Груби не е тој што одредува кој и кога ќе одржи митинзи

од Nikola Popovski
330 прегледи

На градскиот плоштад во Тетово на 6-ти мај коалицијата „ВЛЕН“ ќе го одржи завршниот митинг за парламентарните избори на 8-ми мај, најави денеска лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

Тој побара од министерот и член на ДУИ, Артан Груби да се повлече и да не ги провоцира граѓаните бидејќи, како што рече, одговорот ќе дојде на 8-ми мај.

-Ние категорично сметаме дека во оваа држава треба да важат законите за сите. Артан Груби не е тој кој одредува кој и кога ќе одржи предизборни митинзи. Не сме полициска држава. И со ова Артан Груби и ДУИ покажуваат дека се со паметот на Путин, со размислувањето на Русија, истакна Касами од Тетово.

Според него, опонентот „Европски фронт“ побарал дозвола од општината откако веќе бил закажан завршниот митинг на „ВЛЕН“ и посочи дека организаторите немаат обврска да ја информираат полицијата за организирање вакви собири.

Инаку и „Европскиот фронт“ претходно најави завршен митинг, за 20:00 часот на 6-ти мај, на истото место. Немаат намера да го откажат митингот или да го сменат терминот.

Според законот за јавни собири, организаторот најдоцна 48 часа пред одржувањето на митингот треба да поднесе известување до секторот на МВР. Двете партии го направиле тоа, но според податоците на МВР, известувањатето први го испратиле од ДУИ.

Слични содржини