Лидерите на БЕСА и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши денеска потпишаа политичка декларација за соработка. Како што соопшти Беса, целта на оваа соработка е „барање начини за артикулирање на албанскиот опозициски глас во Северна Македонија“.
-Причината за средбата помеѓу Гаши и Касами е формализирање на подготвеноста за соработка и координирање на политичките активности на двете партии во насока на изградба на опозициски камп кој, првично, ќе артикулира и ќе ги брани стратешките интереси на земјата за интеграција, албанските етнички и интересите на граѓаните.
За таа цел, двајцата градоначалници Гаши и Касами потпишаа заедничка изјава, што е формален залог на двете релевантни страни за официјализирање на овој договор, се вели меѓу другото во соопштението.
Двете партии во моментов функционираат како опозиција. Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да ѝ се приклучи на Влдата. Неодамна Гаши обелодени дека не коалицираат со партии што се против уставни измени и порача дека Алтернатива ќе гласа за внесување на бугарското и другите малцинства во Преамбулата.