Претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами денеска даде изјава по лидерската средба во Клубот на пратеници, во која вели дека го поддржува договорот за ДИк, за финансирањето и за пржинската влада.

– БЕСА го поддржува Договорот за ДИК, за финансирање и за пржинскиот договор. За референдумот се надевам дека сите политички партии ќе работат за тоа да биде успешен, а граѓаните ќе ја дадат својата волја за важното прашање, вели Касами.