Претседателот на движењето БЕСА Билал Касами денеска од Струга му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќура.
На средбата, како што соопшти прес-службата на Ќура, било потенцирано значењето на меѓусебната поддршка меѓу општините и соработката за проекти, кои директно влијаат врз подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
– Поддршката ја даваме за кандидатот кој дојде како предлог од стружани и неможе да биде поинаку освен ние како ВЛЕН да го поддржиме, затоа што цениме дека на Струга и треба кандидат како Менди Ќура, кој претходно како бизнисмен придонесуваше за подобрување на животот на стружани. Цениме дека како градоначалник на Струга ќе го компензира тоа што во минатото не го направија претходните градоначалници, изјави Касами.
Ќура изразил благодарност за поддршка од Касами, посочувајќи дека тоа е доказ дека промената што започнала во Струга веќе ги надминала партиските граници.
– Поддршката дава до знаење дека ние ќе сме појаки после 2 ноември, кога ќе се гласа бројот 133. Со тоа ќе дадеме до знаење дека овие четири години ќе правиме промени во општина Струга со помош на централната власт, истакна Ќура.