Касано заврши во болница поради компликации со Ковид-19, не бил вакциниран

од Nikola Popovski
262 прегледи

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано, кој пред неколку дена се зарази со коронавирус, по компликации итно бил пренесен во болница во Џенова. Семејството потврди дека тој не бил вакциниран.

Касано (40), кој меѓу другите играше за Сампдорија и Реал Мадрид, последните денови од 2021 година ги помина во изолација откако беше позитивен, објасни неговата сопруга на социјалните мрежи.

Меѓутоа, во новогодишната ноќ состојбата на Касано драстично се влошила, па тој итно морал да биде хоспитализиран, јавуваат локалните медиуми.

Како дете на Бари, Касано рано се пресели во Рома, со која го освои италијанскиот Суперкуп во 2001 година пред да се пресели во Реал Мадрид во јануари 2006 година.

По враќањето во Италија, поранешниот напаѓач го носеше дресот на Сампдорија, Милан, Интер и Парма, пред да се врати во тимот од Џенова и да ја заврши кариерата во 2017 година.

Слични содржини