Кашчелан на слобода: Нема притвор за уапсените од Кавачкиот клан

од Nikola Popovski
297 прегледи

Судија на Вишиот суд во Подгорица го отфрлил предлогот на Специјалното државно обвинителство за притвор на Слободан Кашчелан и уапсените членови на криминалниот Кавачки клан.

Зградата на Високиот суд денес била под полициска опсада, бидејќи Кажелан и неговиот тим биле доведени на распит.

Во акцијата на Секторот за борба против криминалот и на Специјалното државно обвинителство, пред три дена, уапсени беа Кашчелан (58), неговиот телохранител Владимир Вучковиќ (46) од Херцег Нови, жителите на Котор. Милош Радоњиќ (35), Крсто Марош (43) и Зоран Качиќ (46), како и Дарко Прелевиќ (31) од Подгорица, кој живее во Плевља, пренесува „Новости“.

Акцијата за апсење на водачот на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан, уследила откако истражните органи обезбедиле сведок блисок до црногорската криминална група.

Kако што пишува подгорички „Дан“, врз основа на исказот на сведокот, чие име се држи во тајност, биле изведени апсењата и кривичните пријави против Слободан Кашчелан и Радоје Звицер, кои во полциската евиденција се заведени како водачи на Кавачкиот клан.

Слични содржини