Објавена снимка од апсењето на Слободан Кашчелан, наводниот водач на Кавачкиот клан (видео)

од Nikola Popovski

Полицијата во вторникот вечерта го уапсила наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, во Котор, пренесува „Вијести“ од Подгорица. Црногорската полиција објави видео од апсењето.

Според весникот, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, Кашчелан бил уапсен под сомнение за организирање на криминална група, која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканува казна затвор од 40 години.

Уапсени се уште најмалку четири лица, додаваат од весникот.

Според „Вијести“, Кашчелан и тројца наводни членови на криминалната група биле уапсени во Котор и еден во Плевља.

Кашчелан во полициските записи е означен како еден од водачите на Кавачкиот клан, покрај Радоје Звицер.

Синоќа управата на Црногорската полиција не објави официјално соопштение за деталите за апсењето, а утрово беше објавена снимка од акцијата за апсење.

Слични содржини