Пратеникот Кастриот Реџепи , кој во Собранието делува како независен ќе и се приклучи на пратеничката група на Демократската унија за интеграција.
– Реџепи во Собранието ќе делува во рамките на пратеничката група на ДУИ, изјавил Изет Меџити за ТВ 21.
Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи најви дека во четврток ќе излезе пред јавноста со детали за неговото понатамоѓно делување во Собранието.
Инаку, пратеникот Реџпеи е познат за јавноста по неговото „изчезнување“ кога требаше да се формира ново парламентарно мнозиство помеѓу опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Движењето БЕСА и Левица.
Бидејќи тој беше 61 пратеник кој требаше да гласа, но не се појави во Собранието за време на гласањето за недоверба на парламентарното мнозиство, ицицијативата пропадна.