Кубанскиот лидер Фидел Кастро знаел дека ќе си отиде од овој свет на 90-годишна возраст, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ТАСС. Претседателот учествуваше на церемонијата на испраќањето на Ел Командатне на неговото последно почивалиште во Хавана. Мадуро пред неколку илјади луѓе, изјави дека тој и боливискиот колега Ево Моралес спроведле разговор со Кастро, кога поранешниот лидер на Островот на слободата наполнил 89 години. “Тогаш Фидел ни погледна во очи и рече: Николас, Ево, јас ќе бидам со вас уште една година”, посочи претседателот на Венецуела.

“Се зачудив и му реков на Кастро. Вие не може да ни напуштите, но тој ми одговори: Јас ќе си заминам и ќе дојде вашиот ред”, се сети претседателот. Претседателот на Никарагва Даниел Ортега исто произнесе кратко слово. Тој ги опиша наметнати од САД трговските ограничувања против Куба како злосторство против човештвото.
“Кастро ќе продолжи да нè води кон создавање на еден подобар свет”, посочи салвадорскиот претседател Санчез Серен во Хавана. Мексиканскиот претседател Енрике Пенја Нието изјави подготвеноста на неговата земја да го поддржи Островот на слободата на патот кон просперитетот.
“Творецот на социјалистичка Куба беше еден од симболите на дваесеттиот век”, рече тој. Нието потсети дека од Мексико во 1959 година испловила јахтата “Гранма” и овој настан е првиот чекор кон соборување на диктатурата на Фулхенскио Батиста. Починатиот на крајот на минатата недела Фидел Кастро управуваше со Островот на слободата од 1959 до 2007 година Поради ориентацијата на Хавана кон социјалистичкиот камп, САД воведоа санкции врз трговијата со Куба. Затоплувањето на односите меѓу Хавана и Вашингтон започна во управувањето на братот на Ел Командатне – Раул Кастро. Од денеска до сабота урната со пепелта на таткото на кубанската револуција ќе помине илјада километри од Хавана до Сантијаго де Куба, каде во недела ќе се одржи погребот.