Денес, стотици илјади Каталонци се очекува да се приклучат на планираниот масовен протест на шпанскиот регион со повторно барање  независност. 

Протестите се закажани за 11 септември и 1 октомври.

11 септември е Денот на Каталонија. Каталонскиот празник, наречен Ла Дидада, ден кој  сепаратистите во последниве години го  претворија во голем митинг за својата кауза Каталонија да се одели од Шпанија.

Претходно, водачот Ким Тора повика на масовно учество, со нов глас за одвојување од Кралството.

Претходниот референдум за независност на ентитетот, неовластено од Мадрид, заврши со инвазијата на шпанските власти, апсењата на лидерите во Каталонија и насилство меѓу цивилните гласачи.

  Некои од локалните власти   мораа да побегнат во странство.

Неколку илјади Шпанци претходно учествуваа на демонстрациите во Барселона за поддршка на националното единство и против сепаратистичкото движење во Североисточна Каталонија.

Учесниците изразија бурно задоволство кога локалните жители развиорија знамето на Шпанија на балконите, додека се движат на централниот  булевар.