Катастрофата можела да се избегне: Геолог до детал го предвидел земјотресот во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Твитот на холандски геолог, кој предвидува силен земјотрес што ќе ги погоди Турција и Сирија три дена пред катастрофата, стана вирален на социјалните мрежи.

Се вели дека геологот и истражувач на земјотреси Френк Хугербиц детално го предвидел земјотресот, вклучувајќи ја јачината и земјите кои би биле погодени.

Во твит во петокот, 3 февруари, тој предупреди дека „порано или подоцна ќе има земјотрес со јачина од 7,5 степени во овој регион (југоцентрална Турција, Јордан, Сирија, Либан)“.

Твитот на Хугербитс е напишан точно три дена пред природната катастрофа што ги погоди Турција и Сирија, а во него тој се осврна на другите земји кои ги почувствувале ударите од земјотресот.

Во зори во понеделникот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионот на Турција и Сирија. Јордан, Либан, Египет и Ирак објавија дека биле погодени од последователни потреси.

Холандскиот геолог изрази жалење и сочувство за погодените од земјотресот. Во првиот твит по инцидентот тој напиша: „Моето срце е со сите што беа погодени од големиот земјотрес во централна Турција“.

„Како што споменав порано, тоа ќе се случи порано или подоцна во овој регион. На овие земјотреси секогаш им претходи критична планетарна геометрија, како што беше случајот на 4 и 5 февруари“, објасни тој.

Хугербитс предупреди на последователни потреси и рече: „Внимавајте на дополнителна силна сеизмичка активност во централна Турција и соседните области. Потресите обично продолжуваат некое време по силниот земјотрес“.

Во земјотресот загинаа најмалку 11.000 Турци и Сиријци, а десетици илјади други беа повредени. Турските власти го подигнаа статусот на тревога на ниво четири, што вклучува барање за меѓународна помош.

Слични содржини