Катимерини: Синодот на Грчката црква е категоричен „не се откажува„ од користењето на зборот Македонија – прашањето за спорот со името има и црковна димензија

од desk4
134 прегледи

Свети Синод на Грчката православна Црква донесе одлука “да не се откажува” од користењето на зборот “Македонија” во спорот за името со поранешната југословенска република меѓу Атина и Скопје, пренесува грчкото издание на Катимерини.

Во коментарот направен во средата, Архиепископот Иероним изјави дека Црквата го следи развојот на прашањето “со нетрпение и емоции”, додавајќи дека прашањето не само што има национална и политичка димензија, но и црковна димензија.