Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред да биде уапсена. Висок извор од истрагата ја потврдува оваа информација за ТВ24.

По отворањето на истрагата шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција тврдеше дека Јанева не е под ПИМ, но одлуката била донесена потоа.