266
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА Јоргос Катругалос денеска додека спортувал се повредил.
– Го прашувале Черчил дали спортува и велел – Да, одам на погребите на моите пријатели кои тренираат. Не го послушав, напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил откако утрово, додека учествувал на спортски настан, се повредил, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој се здобил со мала фрактура и бил пренесен во болница.
– Утрово учествував на спортски настан во една амбасада на арапската земја. Паднав и испитувањата покажа мала фрактура. Се надевам дека од утре повторно ќе бидам борбен (па макар и со старател). Топла благодарност за интересот и желбите до сите кои ме контактираа.