Катругалос: Воздржаноста на Грција за прием на Косово во СЕ не придонесува за стабилноста на Балканот

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Министерот за надворешни работи во сенка на грчката влада и поранешен шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, денеска, по повод воздржаното гласање на Грција за започнување на процедурата за прием на Приштина во Советот на Европа, изјави дека одлуката на грчката влада да гласа различно од другите земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово не придонесува за мирот и стабилноста на Балканот.

Катругалос, кој беше министер за надворешни работи во владата на Алексис Ципрас, на Твитер истакна дека Грција мора секогаш да промовира мир и стабилност на Балканот и да поддржува „заемно прифатливи чекори и решенија“.

„Одлуката на владата да гласа за прием на Косово во Советот на Европа да се разликува од другите земји од ЕУ кои не го признаваат Косово, како што се Шпанија, Романија и особено Кипар, кои гласаа против, не придонесува за оваа цел“, рече Катругалос.

Слични содржини