455
Со 61 глас „за“, Собранието попладнево ја избра Добрила Кацарска, судијка за организиран криминал од Основниот кривичен суд Скопје, за нов уставен судија.
Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.
Кацарска е судија 30 години. Покрај од кривичната, судела и предмети од граѓанската област. Од предметите на СЈО и од оние од висок јавен интерес на редовното ОЈО за организиран криминал, позната е по судењата „Тенк” , „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп”, „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”. Последниве две судења беа со 30-тина обвинети, но таа одамна ги заврши.