Кацарска: Клучна точка за проширувањето на ЕУ е Франција, а знаеме таму какво е расположението

од Nikola Popovski
436 прегледи

Дебатата за проширувањето на ЕУ можеме да ја поврзуваме и со перспективата и со ситуацијата на Косово. Самитот во Крањ веќе ја дијагностицира веќе постоечката разочараност, вели Симонива Кацарска од Институтот за европски политики.

Според неа, клучната точка за проширувањето е Франција, a знаеме таму какво е расположението.

-Дел од познавачите велат дека можеби постои простор веднаш после бугарските избори, да се дејствува за време на техничката влада, за да се направи исчекор. Било какво полу-решение да креираме, ова прашање ќе не следи и ќе зависи од прогресивните гледишта на секоја наредна бугарска влада, додава Кацарска во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини