454
„Тајмингот на посетата на Верхеји и Силва коренспондира со она што го очекувавме во јануари. Очигледно е дека португалското претседателство работело повеќе од она што го очекувавме“, вели Симонида Кацарска од Институтот за европски политики, за емисијата „Вин-вин“.
Таа наведува дека постојат информации, според кои може да се очекува дека се подготвува план кој ќе им биде понуден на Скопје и Софија.
„Поругалија е растеретена од тоа бреме, во кое беше германското претседателство со ЕУ. Мислам дека про-атлантската ориентација на земјата, генерално во надворешната политика, има одреден придонес во оваа ситуација. Можеби Португалија може да го донесе ехото на вашингтонскиот интерес и секогаш имањето на блиска релација со САД“, смета Кацарска.