Кацарска: Рамно на чудо е да очекуваме некаков договор помеѓу Скопје и Софија за францускиот предлог

од Vladimir Zorba
222 прегледи

На ден до крајот на француското претседателство, рамно на чудо е очекувањето на некаков евентуален договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава, но тоа е одговорност на политичкото раководство, изјави директорката на Институтот за европски полотики – ЕПИ, Симонида Кацарска.

– Мене ми е многу тешко да видам дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на она што го нарековте „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо до утре, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.

Слични содржини