Кацарска: Уставниот суд не е моја сопственост

од Берта Китинска
286 прегледи

Не очекувам дека многу брзо ќе се изберат уставни судии, но сепак се надевма дека совеста ќе проработи кај пратениците и дека конечно ќе се изберат судии и ќе го комплетираат судот кој е битен за оваа држава, вели претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска во Утрински Брифинг.

-Уставниот суд не е моја сопственост, јас се обратив до претседателот на Собранието поради интересот на граѓанит на Република Северна Македонија, вели Кацарска.

Претседателка на Уставниот суд вели дека во моментот нема уставна криза, но судот е на граница на кворумот.

Претседателката на Уставниот суд пред неколку дена испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое изразува загриженост за состојбата со намалениот број на судии и бара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време.

Џафери и одговри дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд.

Слични содржини