Кацарска: Во судовите се делат предмети под рака

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Добрила Кацарска, поранешен претседател на Кривичниот суд и актуелен судија, на интервју за Ноќно студио, кажа дека се доделуваат предмети надвор од електронскиот систем на автоматска распределба.

– За жал во 21 век во Македонија, земја кандидат за влез во ЕУ, ние зборуваме за постоење на злоупотреби на електронскиот систем. Постојат докази за ова, постојат докази дека претседатели на суд влијаеле. Откако предмет ќе биде доделен на судија, никој нема право повеќе да се вмешува. Но, постојат и случаи каде судија кој добил притворски предмет, наредниот ден, тој предмет да му биде одземен – вели таа.

Кацарска додаде дека постојат органи на прогонот и дека е јасно кој треба да поведе постапка. Таа смета дека за ваквите злоупотреби некој треба кривично да одговар