Кавадарци: Нови ковид-случаи меѓу ученици

од Nikola Popovski
320 прегледи

Коронавирусот се појави и во две училишта во Кавадарци. Според информациите на тамошниот Центар за јавно здравје, еден ученик од основно училиште и еден од средно училиште се позитивни на вирусот и ќе бидат во домашна изолација. Поради контакт со нив, поголем број на соученици се во изолација.

Денес министерката за образование Мила Царовска изјави дека до вчера биле регистрирани 14 позитивни ученици, односно позитивни биле 0,01 процент од учениците и исто толку од наставниот кадар.

-Немаме заразени ученици во училиште, потенцирам се уште нема интерна трансмисија во ниту едно училиште, епидемилошките служби како и Државниот санитарен инспекторат се на терен. Кои ученици и училишта се таа информација ја имаат надлежнисте. Покажувањето со прст кон училиште или ученик нема да донесе добро на никого, изјави Царовска.

 

Слични содржини