Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е се поблиску до трансфер во шпанска Валенсија, откако двете страни практично постигнале договор и останува само да се склучи конечниот договор, пишува весникот „Екип“.
35-годишниот Кавани моментално е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Во последните денови се зборуваше за неговите контакти со француска Ница, како и со Виљареал, каде што евентуално би можел да се обедини со својот поранешен тренер во Пари Сен Жермен – Унаи Емери.
На крајот, сепак, речиси сигурно ќе го облече дресот на Валенсија и ќе игра под водство на Италијанецот Џенаро Гатузо.
Шпанската Ла Лига би можела да стане следниот голем шампионат за Кавани, кој е во Европа од 2007 година и досега играше во Италија, Франција и Англија.