Валенсија преговара со Кавани

од Vladimir Zorba

Валенсија е во преговори со Единсон Кавани. „Лилјаците“ итно бараат нов напаѓач по продажбата на Гонзало Гедеш во Вулверхемптон. Затоа клубот го сврте вниманието кон уругвајскиот ветеран.

Во последните неколку недели, Кавани се шпекулираше дека е на прагот на преселба во француска Ница. Сепак, напаѓачот во последен момент ја одбил понудата на овој клуб. Се верува дека причина за тоа е токму понудата од Валенсија до него.

Од „Местаља“ веќе стапиле во контакт со 35-годишниот Уругваец и веќе водат преговори со него. Се верува дека двете страни се блиску до договор кој формално би можел да биде објавен за неколку дена.

Кавани моментално е слободен играч откако последните две сезони ги мина во Манчестер Јунајтед. Сепак, неговиот престој на „Олд Трафорд“ не беше особено успешен, бидејќи за „црвените ѓаволи“ одигра 59 натпревари и постигна 19 гола, пред да одлучи да не го продолжи договорот со клубот.

Слични содржини