Казахстанскиот државен оркестар на „Охридско лето“, „Продиџи“ го затвора „Ohrid calling“

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 

По синоќешниот настап на светски познатиот џез-гитарист Ал Ди Меола пред целосно исполнетиот Антички театар во Охрид,  вечер концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ од Казахстан._k8c6039-editar_0

Како што и беше најавено, Фестивалот „Охридско лето“ средствата од продадените билети и од вечерашниот концерт на гостите од Казахстан ќе ги додели за помош на настраданите подрачја зафатени од невремето од минатата седмица.

Хуманитарниот концерт на Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, а влезот изнесува 300 денари.0001016_draven-kameren-orkestar-akademia-za-solisti_550

Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“ е водечки ансамбл во Казахстан. Основан е во 1991 година од страна на виолинистката Ајман Мусакајајева. Членовите на овој ансамбл се виртуози на својот инструмент, лауреати на повеќе интернационални натпревари, со одлична техничка подготвеност. „Солистичка академија“ е еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот.

Ајман Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Таа е основач е „Солистичката академија“ со кој често настапува во Европа, Америка и Азија. Добитник е на повеќе награди на престижни интернационални натпревари, како и на повеќе признанија (People’s Artist, Honored Artist of the Republic of Uzbekistan, Artist for Peace од страна на УНЕСКО и други).

На програмата се избрани дела на Пјацола, Вивалди Хендл.

За овој викенд богат со музички содржини предвиден е уште еден концерт. На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ вечерва ќе се одржи и долго очекуваниот спектакл – концертот на светската атракција групата „Продиџи“, со што ќе биде заокружено првото издание на фестивалот „Ohrid calling“.