Дирекцијата за инспекција соопшти дека првата неработна недела во Црна Гора за вработените во трговија ќе биде 20 октомври.
Според Инвеститор.ме, инспекцијата повика на почитување со одредбата со цел да се избегнат казните. Кој ќе ја отвори продавницата во недела, ќе се соочи со парична казна од 1.000 до 10.000 евра.
Освен парична казна, на сопствениците на продавници кои нема да се придржуваат кон овие одредби им се заканува и трајно затворање на трговскиот објект.
„Ги потсетуваме сите стопански субјекти кои се занимавааат со трговија на големо и мало на пропишаната одредба од член 35а од Законот за внатрешна трговија, кој стапи во сила на 14 октомври, што практично значи дека првата неработена недела е 20 октомври, како што е пропишано со наведениот член“, велат од Управниот одбор.
Инаку, ова доаѓа откако црногорските пратеници усвоија законски измени и дополненија на Законот за внатрешна трговија со кој е предвидено продавниците и супермаркетите низ земјата да бидат затворени во недела.