Од денеска на сила стапуав Уредбата за задолжително носење маски, марами или шалови надвор од домот.
Во неа е утврдена и казната за лицата и компаниите кои нема да ја почитуваат оваа мерка за време на траењето на вонредната состојба, како и до завршување на пандемијата со COVID 19 прогласена од Светската здравствена организација.
Уредбата е објавена во во „Службен весник“ со број 107 од 22 април 2020 година.
Во член 2 е поојаснето дека секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Под лична заштита на лицето од ставот 1 на овој член, се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
По исклучок од ставот 1 на овој член, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштита на лицето, ако:
– носи посебна лична заштита на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи
– престојува во двор на станбена семејна куќа,
– вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
– патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или
– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално
растојание од најмалку два метри од друго лице.
Според член 6, глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 2 од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 2 000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.