368
Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува, соопшти Министерството за здравство.
Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што синоќа ги усвои Собранието.
За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра, информираат од Министерството.