Казна од 50 евра за лицето кое возеше на плоштад и се прекрсти пред Цар Самоил

од Nikola Popovski
323 прегледи

Со 50 евра е казнет возачот кој вчера со својот автомобил се паркираше на плоштадот Македонија и се крстеше пред споменикот на Цар Самоил.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, соопштија од Град Скопје.

Според информациите од МВР, лицето било под дејство на алкохол, а според сопатниците во автомобилот, 66-годишниот скопјанец имал и здравствени проблеми.

„Б. С. е приведен во ПС Центар, а возилото му е задржано. Покрај тоа, изречени му се мерки за возење под дејство на алкохол, неносење возачка и сообраќајна дозвола, измината важност на возачка дозвола и движење спротивно на сообраќаен знак“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини