Казна за Алонсо по трката во Монтреал

од Vladimir Zorba

Фернандо Алонсо доби казна од 5 секунди по финалето на трката за ГН на Канада во Монтреал и тоа го симна од седмото на деветтото место во конечниот пласман.

Двократниот светски шампион беше повикан кај стјуардите да го објасни своето однесување на патеката во битката со Валтери Ботас, а се покажа дека повеќе пати го менувал правецот на движење при застанувањето.

Пред изрекувањето на пресудата, стјуардите ги гледале снимките од камерите на самиот болид, од ТВ емисијата, ги добиле податоците од телеметријата на болидот на Ботас и ги слушале двајцата пилоти и претставниците на двата тима – Алпин и Алфа Ромео.

Прекршокот се случи помеѓу свиоците 10 и 12 во претпоследниот круг од трката, при што стјуардите се согласиле дека Алонсо неколку пати го менувал правецот за да се одбрани од Ботас, а Финецот морал да кочи за да не го удри Шпанецот.

По казната на Фернандо, Ботас и неговиот тимски колега од Алфа Ромео, Гуању Џоу се искачија на 7-мо и 8-мо место во поредокот.

Слични содржини