Казнети 103 возачи во населба Ченто

од Nikola Popovski
170 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден (10.02.) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијатата на населба Ченто изречени се вкупно 103 мерки, од кои  28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење  на мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од полицијата, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“,