За време на сообраќајните контроли во Скопје вчера полицијата изрече 175 прекршочни казни од кои 53 за брзо возење, а со дрегер – уред се регистрирани 15 возачи кои зад воланот седнале во алкохолизирана состојба.
МВР соопшти дека се казнети 12 лица кои возеле без возачка дозвола, изречени се и девет санкции за нерегистрирани возила, казнети се четири возачи – почетници, тројца возачи поминале на црвено светло, а казни им се напишани и на 14 мотоциклисти.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат со цел да се зголеми дисциплината во сообраќајот и да се зголеми безбедноста, велат од МВР.