Казнети 202 возачи во Скопје, 43 за брзо возење

од Берта Китинска
215 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол.

„Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“ велат од МВР.

Слични содржини