Казнети 249 пешаци, повеќето од нив не преминале на пешачки премин

од Nikola Popovski

МВР на територијата на целата држава вчера спроведела акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што биле изречени вкупно 249 санкции.

„Меѓу нив 166 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 46 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 18 за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, 14 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз. За време на контролата регистрирани се и 155 останати прекршоци“, велат од полицијата.

Од МВР апелираа до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во насока да се зголеми безбедноста и најавуваат дека ваквите контроли и казни ќе продолжат.

Слични содржини