175
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.
-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, порачаа од МВР.