За речиси три месеци во општината Тетово, МВР има изречено 12.512 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври.
„Од вкупно 5.562 казни за неносење на заштита на лицето, во октомври биле изречени 2.130 казни, во ноември 1.789, а во декември 1.643. Тука се сите прекршувања на мерката на отворен простор, во возила, во објекти и слично. Од почетокот на мерката, за неносење маски на тетовското подрачје изречени се вкупно 12.512 санкции. Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Потсетувам дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Од 1 до 4 јануари до 7 часот утрово, изречени се вкупно 136 казни за неносење маски. Само во изминатиот период од 24 часа од недела во 7 до понеделник во 7 часот изречено се 64 мерки и изготвени поднесоци за платни налози.