Казнето лицето кое со камион истурало ѓубре на нива во Бардовци

од Vladimir Zorba

Комуналните редари на Град Скопје денеска фатија и казнија лице како истура ѓубре. Лицето од камион полн со градежен материјал, ѓубрето го истурал на нива во атарот на селотоБардовци.

Комуналните редари го затекнале и направен е записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна.Исто така, лицето било задолжено да го собере целиот отпад и соодветно да го одложи.

Слични содржини