Општина Карпош демантира дека издала дозвола за рингишпилот пред СЦ „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski
339 прегледи

Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, Општина Карпош демантира дека е издадено било какво одобрение за негово функционирање од едноставна причина што општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија.

Од општината велат дека очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи во предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација.

-Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува државниот пазарен инспекторат.

Бидејќи во текот на вчерашниот дел на лице место покрај нашиот градежен инспектор беа и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај, стои во соопштението на општина Карпош.

Претходно, техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека, постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024 г.

-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.

Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите, соопшти Тошковски.

Слични содржини