Седум супермаркети се казнети бидејќи не ги почитувале владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.
– Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за 7 супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките, кажа министерот.
Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи.
-Таму е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до 1 година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата, вели Бектеши.